Марко Џамбазоски најдобар актер на Фестивалот на фестивалите во Требиње

3 mins read

Во рамките на „Kултурно лето Требиње“ во неделата се одржа театарски фестивал – 65-ти по ред „Фестивал на фестивали“, на кој, покрај неколку регионални театри, со претставата „Гласови“ настапи и театарот „Чекори“ од Скопје.

По одгледаната претстава, жирито од публиката одлучи – дипломата за протагонист на вечерта, за најдобар актер, за улогата на чистачот Тоти, да ја додели на Марко Џамбазоски.

Во изјавата за СПОНА, утрото по добивањето на наградата, Џамбазоски не го криел задоволството од постигнатото:

– Драго ми е што имавме можност да настапиме со нашата театарска група на овој реномиран театарски фестивал со долга традиција. Наградата за најдобар актер е поттик да се оди понатаму и е навистина значајна, особено што признанието е од докажани професионалци во својата област, но она што особено ме радува е што публиката докажа дека уметноста е универзален јазик, успевајќи совршено да ја разбере претставата совршено и да соработува со нас на начин што секој актер би го посакал. Беше огромен предизвик да се биде дел од една ваква дуодрама, во која си активен на сцената час и половина, со најтешката задача – да ја насмееш публиката, дури и кога тоа не е дел од твојата тајазична област – изјавил Марко, ексклузивно за СПОНА.

Театарот „Чекори“ од Скопје ја изведе претставата „Гласови“ според текст на Љубомир Морев, а во режија на Маја Ѓурчевска во Центарот за култура во Требиње, на 65. Фестивал на фестивали.

Станува збор за комедија на апсурдот, дуо драма, во која двајца актери – Марко Џамбазоски и Никола Димевски – се расправаат за сè и сешто, секојдневни работи и појави, без тоа да има никаква смисла. Исто како во животот! Многу често, или подобро кажано, секојдневно и неколкупати се расправаат меѓу себе, па дури и сами со себе, без никаква потреба. Марко и Никола одиграа комедија на апсурдот во Требиње – балканската „Чекајќи го Годо“.

– Ова беше освежување за публиката. Нашиот театар избира претстави кои се различни и често не се поставуваат, така што оваа претстава ќе биде, се надевам, нешто ново. Делото зборува за постојаната тенденција да се расправа за ништо. Можеме да изгубиме неколку часа, неколку дена, ако треба, да се расправаме и да не доаѓаме до конкретни одговори. Тоа можеме да го видиме денес. Сите зборуваат за некакви теории на заговор без да конкретизираат за што всушност зборуваме. Дискусија за сè, но без никаков одговор – објаснила Маја Ѓурчевска, која ја потпишува режијата, за медиумите од Требиње.

 На Фестивалот на фестивали, којшто ќе трае до денеска, учествуваат претстави од Бијело Поље, Бугојно, Црвенка, Требиње, Загреб, Трстеник и Скопје.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бекер по излегувањето од затвор експресно ќе биде депортиран од Англија

Следно

РСБСП: Возачите да не возат кога се уморни и под дејство на алкохол и да не ја пречекоруваат препорачаната брзина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian