Квалификации за ЛШ: Лудогорец го испрати Шамрок на мегдан со Шкупи

1 min read

Бугарскиот шампион Лугогорец го преживеа гостувањето во Даблин кај Шамрок роверс и обезбеди пласман во третото квалификациско коло за ЛШ каде го чека двомеч со Динамо Загреб.

Лудогорец загуби со 2:1, но благодарение на триумфот од 3:0 во првиот натпревар оди понатаму. Но, работите можеа да имаат поинаков тек бидејќи во 88 минута Шамрок водеше со 2:0 со головите на Грин и на Емаку. Сепак, во првата минута од судиското продолжение Каули постигна гол за Лудогорец со кој ги реши дилемите околу патникот во третото коло.

Интересно е што Лудогорец во третото квалификациско коло во ЛШ ќе игра против Динамо Загреб, додека Шамрок го очекува двомеч со Шкупи во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.
Шериф Тираспол со голот на Јансане во 88 минута го совлада Марибор и оди понатаму во квалификациите за ЛШ. Убедливи триумфи во реваншите остварија Плзен од 5:0 против Хелсинки и Пјуник од 4:1 на гостувањето кај Дуделанж.

Резултати:
АЕК Ларнака – Митјиланд 1:1   (1:1 прв нат.)     3:4 пенали
Плзен – Хелсинки 5:0   2:1
Шериф – Марибор 1:0  0:0
Дуделанж – Пјуник 1:4 1:0
Шамрок – Лудогорец 2:1            0:3
Шкупи – Динамо 0:1      2:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ММФ: Ние сме на работ на глобална рецесија

Следно

Повторно се активира пожарот на Криволак, сега гори во три краци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian