Колку често треба да го бањате вашето куче?

1 min read

Ако чувствувате дека вашето куче има непријатен мирис или е валкано, логично е дека ќе сакате да го избањате. Колку често треба да се бања кучето? Одговорот зависи од расата, начинот на живот и крзното.

Дури и ветеринарите и експертите не се согласуваат околу тоа колку често треба да се бањаат кучињата, но Американското здружение за спречување на суровост кон животните препорачува еднаш на секои три месеци.

Ако вашето куче сака да игра во трева и кал, голема е веројатноста дека ќе го капете почесто отколку куче кое е главно во затворен простор и сака да го поминува времето свиткано во вашиот скут.

unsplash
Куче / Фото: Unsplash

Според „BeChewy“, кучињата со средно и долго влакно треба да се капат на секои четири до шест недели, додека сопствениците на кучиња со кратки влакна треба да ги капат своите миленици еднаш на секои три месеци.

Американскиот кинолошки клуб не советува премногу често да се бањаат кучињата со густо влакно, како што се лабрадорите, златните ретривери или сибирските хаски, бидејќи тоа може да го отстрани маслото од нивната кожа.

Од друга страна, пак, потребно е редовно четкање. Четкајте ги кучињата со долго влакно барем еднаш дневно, а кучињата со кратки влакна еднаш неделно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Адеми го реши Шкупи, Динамо Загреб продолжува во квалификациите во ЛШ

Следно

ММФ: Ние сме на работ на глобална рецесија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian