Каде биле евакуирани скопјани поради земјотресот?

1 min read

Страшниот земјотрес од 1963 година, кој го сруши Скопје, и со себе понесе над илјада животи беше причина голем број на скопјани да бидат евакуирани или пренесени во болници надвор од Македонија.

Денеска, додека се сеќаваме на овој кобен ден, во фејсбук групата „Стари Скопјани“ беше поттикната дискусија токму на оваа тема. Така, ние дознаваме дека земјотресот не уништи само домови, туку раздели цели семејства.

Сведоштвата на жртвите се страшни. Мајки со бебиња помали од 40 дена биле приморани да излезат од својот дом, да го кријат главчето на своето дете, да се молат да преживеат, додека го гледаат својот дом и своето огниште како престанува да постои.

Дел од луѓето кои биле најпогодени од земјотресот биле евакуирани во други македонски градови, а дел од нив биле приморани дури и да живеат одреден период надвор од земјава. Најчести локации за евакуација биле Куманово, Охрид и Битола, каде дел живееле во домови, други во шатори, а трети во кафани.

 

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Пад на очекуваниот животен век во Германија за време на пандемијата

Следно

Лидерот на грчката партија ПАСОК- КИНАЛ пријави обид за следење на неговиот мобилен телефон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian