Георгиевски: Амбициите на Вардар остануваат исти иако е се потешко да се игра против Е. Пелистер 

1 min read

Ракометарите на Вардар 1961 вчера ги започнаа подготовките за новата сезона со променет состав од тој што се најавуваше поради суспензијата на од ЕХФ и забраната за настап во Лигата на шампионите, но и покрај тоа еден од најискусните во тимот, Гоце Георгиевски вели дека целите остануваат исти, освојување на титулата во домашното првенство.

Поради неподмирени долгови од поранешното раководтво кон поранешни ракометари, ЕХФ го суспендира Вардар од Лигата на шампионите, но Георгиевски смета дека екипата е доволно квалитетна за да се бори за титулата со Е. Пелистер.

– Мислам дека најдобро за нас е да го заборавиме овој период и се што се случуваше во врска со неиграњето во Лигата на Шампионите. Тоа треба да го оставиме што поскоро зад нас и да се насочиме кон тоа што следи во македонското првенство и СЕХА лигата. Имаме релативно млада екипа, доста изменета во однос на претходната сезона. Сакам добри подготовки, успешни и сите да останат здрави. Гледам потенцијал во оваа екипа, има доста млади играчи кои мислам дека ќе експлодираат и ќе докажат дека нивното место е во Вардар. Амбициите се исти, освојување на шампионската титула во Македонија. Ќе биде тешко, го имаме ривал Пелистер против кој секоја сезона е се потешко, но мислам дека тоа е добро за македонскиот ракомет и квалитетот на истиот. Мислам дека ќе гледаме уште една интересна ракометна сезона во Македонија – смета Георгиевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стејт департмент: Ја поддржуваме секоја одлука за БиХ која ќе ја донесе Шмит

Следно

Се чувало во строга тајност: Зетот на Трамп за време на престојот во Белата куќа, водел животна битка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian