Џејсон Момоа се судрил со 21-годишен мотоциклист: Младиот човек завршил во болница

1 min read

Актерот Џејсон Момоа доживеал сообраќајна несреќа во неделата вечерта во Топанга, Калифорнија каде се судрил со мотоциклист.

Момоа го возел својот Олдсмобил од 1970 година во предградие на Лос Анџелес кога мотоциклистот Виталиј Авагимјан ја преминал двојната жолта линија и удрил во автомобилот на Џејсон, пишува „TMZ“. Мотоциклот Хонда влегол „директно во патеката на возилото на Џејсон Момоа“, се вели во извештајот за несреќата, истакнувајќи дека Авагимјан бил „фрлен од својот мотоцикл“ откако удрил во предниот лев дел од автомобилот.

џејсон момоа
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

21-годишниот возач се здобил со „полесни повреди кои не се опасни по живот“, додека актерот бил неповреден. Авагимјан бил пренесен со брза помош во болницата Нортриџ. Момоа се уште не се изјаснил за сообраќајната несреќа во која учествувал.

Момоа неодамна ја прекина врската со актерката Еиза Гонзалес. Извор близок до актерската екипа откри дека Џејсон и Еиза „се надеваат дека можеби работите ќе се подобрат. „Тие многу се сакаат и се гледаат веќе некое време, пред да ја објават својата врска во јавноста“, рече тој, додавајќи дека моментално се во „различни животни фази“.

Инаку, на почетокот на годината, Џејсон Момоа и Лиза Бенет се разделија по 16 години врска , од кои четири беа во брак. Тие имаат две деца, 14-годишната ќерка Лола и 13-годишниот син Накоа-Волф.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јувентус се вклучува во трката по потписот со Депај

Следно

Беџети: Ако не нѐ сакаат во МАНУ, ќе направиме албанска академија, како што предлага Ќулавкова

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian