Децата кои постигнуваат резултати се гордост за општината, порача Муцунски и најави инвестиции во образованието

1 min read

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски оствари средба со младите од Аеродром кои беа прогласени за најдобри ученици во својата генерација во основните училишта на територијата на Општина Аеродром.

Низ пријатна дружба, учениците ги споделија своите високо поставени цели и амбиции за во иднина, како и импресиите од досегашното поминато образование, напиша Муцунски на својата фејсбук страна.

Градоначалникот и учениците заеднички ги идентификуваа проблемите со кои тие се соочуваат, при што тој како прв човек на општината се обврзал на нивно понатамошно решавање. 

Муцунски во својата објава потенцираше дека успешните ученици се вистински гордост на Аеродром и нагласи дека општината останува посветена на инвестициите во младите и нивниот соодветен развој. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Џонсон му ја додели на Зеленски наградата „сер Винстон Черчил“

Следно

Бугарските социјалисти ќе се обидат да состават влада, а за премиер ќе го предложат Асен Василев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian