Де Јонг треба да ја тужи Барселона

1 min read

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека Френки де Јонг треба да го тужи сопствениот клуб Барселона за мобинг.

Управата на Барселона предводена од претседателот Жоан Лапорта бара од Де Јонг платата да ја намали од 50 отсто или да си замине од клубот.

Но, холандскиот репрезентативец засега нема намера да си оди се додека не ги добие парите што Барселона му ги должи, тоа се 17 милиони долари.

– Де Јонг треба да преземе правни мерки против Барселона, а играчите да застанат на негова страна. Барселона троши огромни сума за купување на нови фудбалери, а не ги плаќа тие што се под договор. Тоа е неморално и претставува кршење на правата на фудбалерот за да се стави крај на ова малтретирање – порача Невил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Агенција за разузнавање: Чулев нема добиено отказ, туку е суспендиран по решение на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Следно

Ова е Ивана Малиќ, девојката на Милош Биковиќ: Актерот и манекенката уживаат во летниот одмор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian