Чачиќ: Адеми е играч кој прави разлика на теренот и секој тренер го посакува во својот тим

1 min read

Тренерот на Динамо Загреб, Анте Чачиќ е задоволен од победата на неговите фудбалери над Шкупи од 0:1 и пласманот во третото квалификациско коло за пласман во ЛШ.

Единствениот гол на натпреварот што се играше на Националната Арена „Тодор Проески“ го постигна македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо, Аријан Адеми, а неговиот тренер на прес-конференцијата истакна дека тој е важен дел од тимот кој секогаш го дава максимумот.

– Сосема очекувано Шкупи ни правеше доста проблеми на овој меч за кој знаевме дека ќе биде тежок. На крајот, кога се ќе се сумира, заслужен наш пласман понатаму, а нашиот капитен Аријан Адеми е одлучувачкиот фактор за едни вакви натпревари. Тој е играч кој дава сè од себе за тимот, неговиот учинок е голем за нас, гол и асистенција дома, гол на гости. Тој е навистина некој кој прави разлика, и го посакувате во својот тим. Многу даде за Динамо досега во кариерата, исто како што дава и за македонската репрезентација. Којзнае каде ќе беше да не беше онаа неправедна суспензија. Сигурно во некој голем европски клуб од најсилните лиги – изјави Чачиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повторно се активира пожарот на Криволак, сега гори во три краци

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло, попладне доаѓа големо невреме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian