Бритни Спирс се враќа на музичката сцена: Првата песна ќе биде дует со Елтон Џон

1 min read

Бритни Спирс се враќа на музичката сцена. Имено, јавноста наскоро ќе го слушне нејзиниот дует со Елтон Џон, односно обработка на неговата песна „Tiny Dancer“ од 1971 година. Според странските медиуми, тие го снимиле минатата недела во студио во Беверли Хилс, „Universal Music” ќе го објави следниот месец.

„Ова беше негова идеја, а Бритни го обожава. Снимија обработка на легендарниот сингл „Tiny Dancer“ и навистина звучи неверојатно“, изјавил неименуван извор.

Тој додаде дека ова дефинитивно ќе биде хитот на летото и дека Бритни со нетрпение го очекува својот голем камбек. Инаку, последниот сингл наречен „Slumber Party“ го објави во 2016 година. Минатата година, магазинот „Ролинг Стоун“ ја вклучи песната на Елтон „Tiny Dancer“ меѓу 500-те најдобри песни на сите времиња. Таа го зазеде 47-то место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проблем за Јувентус, се повреди Погба

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Средба на претседателот Пендаровски со министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian