Бекер по излегувањето од затвор експресно ќе биде депортиран од Англија

1 min read

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер по отслужувањето на затворската казна ќе биде депортиран од Обединетото Кралство.

Бекер поради зарајување на данок и финансиски малверзации по прогласувањето банкрот е осуден на две и пол години затвор. Првите недели ги помина во озлогласениот затвор „Вендсворт“ по што беше префрлен во „ХМП Хантеркомб“ кој се наоѓа на 70-тина километри од Лондон.

Германецот по излегувањето од затвор ќе биде депортиран како странец кој е кривично осуден иако во последните 10 години живееше во Обединетото Кралство, пишуваат англиските медиуми.

Богатството на Бекер своевремено се проценуваше на 127 милиони фунти, но поради лоши инвенстиции во 2017 година прогласи банкрот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје е урнато! Скопјани се сеќаваат на кобниот ден пред 59 години!

Следно

Марко Џамбазоски најдобар актер на Фестивалот на фестивалите во Требиње

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian