Баерн ќе купува уште еден напаѓач, на „Алијанц“ доаѓа Де Томас од Еспањол?!

1 min read

Германскиот шампион Баерн Минхен денеска го промовираше 17-годишниот Французин Матис Тел како нов напаѓач, но планира да ангажира уште еден напаѓач кој треба да ја пополни празнината по заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека Раул де Томас (27) од Еспањол, се наоѓа на радарот на Баерн Минхен, иако интерес пројавува и Њукасл.

Според весникот, тренерот на Баерн Јулијан Нагелсман има голем респект за игрите на Раул де Томас и смета дека може достојно да го замени Левандовски.

Договорот на Де Томас со Еспањол му истекува во 2026 година, а откупната клаузула изнесува 75 милиони евра. Но „Мундо Депортиво“ пишува дека шпанскиот тим е подготвен да се откаже од својот напаѓач да далеку помала сума, односно 40 милиони евра.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Оваа земја го укинува задолжителниот карантин за ковид позитивните без симптоми

Следно

Тамара Еклстон нуди 7 милиони евра за апсење на Даниел Вуковиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian