Армијата се вклучува во гаснењето на пожари во Германија

1 min read

Во германската покраина Бранденбург вчера изби пожар што уништи површина од 300 до 800 хектари земјоделско земјиште и шума.

Поради огнот околу 600 луѓе од неколку села мораат да ги напуштат своите домови.

Портпаролот на противпожарната служба утрово изјави дека ситуацијата е „многу тензична“ и оти за справување со огнената стихија од германската армија побарани се хеликоптери.

Голем пожар е активен и во Саксонија, а ветерот го отежнува гаснењето на огнот што се шири во националниот парк „Саксонска Швајцарија.

Во акцијата за гаснење се повредени седум пожарникари.

kurir.mk

Претходно

Вархеји: Волјата за проширување се врати, подготвени сме да се движиме брзо

Следно

Скопје е урнато! Скопјани се сеќаваат на кобниот ден пред 59 години!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian