Апел: Исчезната возрасна скопјанка, семејството бара помош да се пронајде Стојанка

1 min read

Скопско семејство упатува апел до граѓаните да помогнат во пронаоѓањето на 70-годишната Стојанка која се оддалечила од својот дом на 24 јули.

Жената последно е видена вчера кај индустриската зона Илинден, терен кој сега се пребарува, а претходно е забележана во Ченто кај Фурна 10. Облечена е во портокалова блуза и носи црни патики.

-Ги замолуваме граѓаните ако ја забележат во овој дел од Скопје, ако е збунета, само да ја задржат малку за да не одлута повторно и да пријават веднаш во полицијата. Стојанка е глува и боледува од Алхајмерова болест и внимателно да се постапува, ноже да е дезориентирана и збунета, известија за Слободен печат од семејството на Стојанка.

Оваа фотографија е од постар датум и Стојанка сега е послаба, ни напомена Даниела која го објави постот во неделата со надеж дека Фејсбук корисниците преку споделување ќе помогнат жената да се врати во својот дом.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најдобар летен коктел: Дали сте пробале ледено мохито со лубеница?

Следно

Најмалку 21 жртва на труење со алкохол во Индија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian