Јаховиќ се договори за Бодрумспор

1 min read

Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ во новата сезона ќе настапува во втората турска лига откако денеска се договори со екипата на Бодрумспор.

Јаховиќ подолго време преговараше со Бодрумспор бидејќи не можеа да се договорат за платата, но турските медиуми денеска објави дека двете страни најдоа заеднички јазик и македонскиот репрезентативец во новата сезона ќе игра во втората лига.

Управата на Бодрумспор сака во следната сезона да обезбеди пласман во турската Суперлига и поради тоа не жалеше пари за ангажман на македонскиот репрезентативец.

Претходно, Јаховиќ се поврзуваше и со Генчербирлиги, Самсунспор, Сакаријаспор, Карагумрукспор, Пендикспор и Гиресунспор.

Адис Јаховиќ од 2016 година настапува во Турција и тоа за екипите на Гецтепе, Коњаспор, Јени Малатија и Анталијаспор.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ламборџин направи сообраќајка во Скопје

Следно

Поранешна менаџерка на Том Круз откри: Тој беше опседнат со себе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian