Започнува реконструкција на улицата „Козара“ во Капиштец

1 min read

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска беше на улица „Козара“ во населбата Капиштец, каде започнуваат градежните зафати за нејзина реконструкција. Реконструкцијата ќе го опфати потегот од улицата „Антон Панов“ па сѐ до улицата „Васил Ѓоргов“, бидејќи во овој реон улицата „Козара“ има потреба од обновување на асфалтот.

„На овој потег на улицата „Козара“ ќе биде поставен нов асфалт во должина од 1490 м2, и нови рабници со вкупна должина од 940 метри, односно по 470 метри од двете страни. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 23 шахти“, истакна Герасимовски.

Општина Центар ја започна и реконструкцијата на улицата „Петар Поп Арсов“, а во следниот период ќе работи на улиците „Рајко Жинзифов“, „Адвокатска улица“ и пробивањето на улицата „Партизанска“, информираа надлежните. 

Општина Центар силно вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот, порачаа од Општина Центар. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Во несреќа на автобус во Кенија загинаа 34 лица

Следно

За три дена 141 пожар во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian