Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Индексот на УВ зрачење е 9.
Минималните температури утре ќе се движат од 11 до 19 степени, а максималните од 30 до 42 степени. Во Скопје утре минималната температура ќе достигне до 16 степени, а максималната до 39 степени.
Долж Повардарието утре ќе дува повремено засилен ветер од северен правец, но времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Нестабилност на повеќе места се очекува во среда и во четврток во попладневните часови, информираат од УХМР.