Во престрелка во Лос Анџелес две лица загинаа, а уште пет се ранети

1 min read

Две лица загинаа, а пет се ранети во пукање во парк во Лос Анџелес, каде во неделата се одржа изложба на рачно изработени автомобили, соопштија американските власти.

Во нападот во општината Сан Педро можеби учествувале повеќе од едно лице и сите индикации се дека започнал со расправија меѓу две групи луѓе, изјави капетанот на полицијата во Лос Анџелес, Кели Муниз.

Четворица ранети се хоспитализирани и се во критична состојба,пренесе Танјуг.

kurir.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ знаат дека договорот е лош, на штета на македонскиот јазик, идентитет и историја

Следно

Селтик е првиот ривал на Миовски во шкотската Премиер лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian