ВИДЕО | Ветеринар ги воодушеви луѓето со тест кој открива каков е карактерот на вашето милениче

1 min read

Ветеринарка во Флорида го воодушеви интернетот со трик за кој вели дека може да ви помогне да одредите дали вашето домашно милениче има добар темперамент или не.

Тори Гивен сега живее во Канзас со своето момче, две кучиња и две мачки. Дипломирала на Колеџот за ветеринарна медицина на Универзитетот Обурн, а своите совети за грижа и здравје за домашни миленици ги споделува на своите профили на „ТикТок“ и „Инстаграм“.

Гивен неодамна сподели видеото кое собра повеќе од 5 милиони прегледи  и илјадници коментари. Во видеото таа ги споделува деталите од „висечкиот тестот“.

„Очигледно, ако ги држите вака и не им пречи, тогаш тие се добри мачки“, рече таа, држејќи го со рацете малото маче на кое очигледно фактот што виси не му пречеше. „Кога почнав да работам во ветеринарна клиника на околу 18 години, еден мудар постар ветеринар ме запозна со „висечкиот тест“. Неговата теорија беше дека ако држиш кученце или маче и тие слободно се нишаат без стрес, тогаш ќе пораснат во добродушни кучиња и мачки“, ја објасни Гивен приказната зад тестот.

Видеото ги воодушеви корисниците кои го преплавија делот за коментарите и почнаа да ги споделуваат своите размислувања и искуства со необичниот тест за темперамент на домашни миленици.

@doctor_tori Duet me with your puppy or kitten! #vet #veterinarian #veterinariansoftiktok #vetmedlife #PrimeDayDreamDeals #cats #catsoftiktok #catlover #kittensoftiktok #fyp #foryoupage #kitten #kittensoftiktok2021 ♬ Dangle – The Daylight Titans

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции

Следно

Бучковски вели дека актуелниот парламентарен состав на заминување ќе го смени Уставот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian