ВИДЕО: ПСЖ ја прегази Гамба Осака, Нејмар повторно глумеше за „Оскар“

1 min read

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ ја заврши својата претсезонска турнеја во Јапонија со уште една, вкупно трета победа.

Откако во првиот меч ги совлада Кавасаки Фронтале (2:1), а потоа и Урава Редс (3:0), ПСЖ победи и против Гамба Осака со 6:2.

Головите за парижаните ги постигнаа Пабло Сарабија (28`), Нејмар (32` пенал, 59`), Нуно Мендеш (37`), Лионел Меси (39`) и Килијан Мбапе (86`, пенал), додека стрелците за јапонскиот тим беа Кеисуке Курокава (34`) и Хирото Јамами (70`).

Нејмар можеби го изведе најлошото симулирање во кариерата, но повторно успева некако да ги измами судиите и во овој случај покажат на белата точка.

ПСЖ веднаш по натпреварот ја напушти Јапонија, а следниот натпревар ќе го има во недела во Тел Авив против Нант во битката за францускиот „Трофеј на шампиони“, еквивалент на Суперкупот во другите земји.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грчката полиција уапси осомничен за подметнување на пожарот на Пелопонез

Следно

Голем неделен хороскоп (25-31 јули): Овните разумно ќе ги решаваат проблемите, Близнаците се подготвени за промени

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian