ВИДЕО | Караоке со Бекамови: Викторија насмеана и расположена отпеа песна од „Spice Girls“

1 min read

Сопругата на поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам одамна не сме ја виделе толку насмеана и расположена.

Модната дизајнерка и поранешна членка на групата „Spice Girls“, Викторија Бекам јавноста ја смета за „ладна“ жена која речиси никогаш не се насмевнува.

За неа често се пишуваше дека е арогантна и каприциозна, но тоа очигледно е само маска за јавноста, што ни потврди и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.

Имено, тој на својот инстаграм – профил објави видео на кое се гледа како неговата сопруга танцува и пее, видно расположена.

Беше караоке вечер, а Викторија ја пееше песната „Stop“ од „Spice Girls“.

Многумина коментираа дека одамна не ја виделе во ваква форма и дека ќе им биде драго да ја видат како се враќа на сцената.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руските авиокомпании поради санкциите годинава ќе превезат 19 милиони патници помалку

Следно

Белгијците стравуваат дека ќе се намали производството на пиво поради војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian