Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис денеска со нов светски рекорд го освои златниот медал во скок со стап на Светското првенство во Јуџин, САД.
Дуплантис веќе беше сигурен освојувач на златото кога во вториот обид ја собори границата на светскиот рекорд, која од денеска изнесува шест метри и 21 сантиметар.
Олимпискиот шампион на тој начин го подобри за еден сантиметар светскиот рекорд што го постави во март на Светското првенство во сала во Белград.
Овој 22-годишен Швеѓанец ја освои последната голема титула што му недостигаше, бидејќи веќе е европски шампион, олимписки шампион и светски шампион во сала.
Среброто го освои Американецот Кристофер Нилсен со скок од 5,94 метри, а Филипинецот Ернесто Џон Обиена скокна со иста висина и ја освои бронзата.