Верстапен се изедначи со Џеки Стјуарт на вечната листа победници во Ф1

1 min read

Сезонава Холанѓанецот има седум победи, односно 27 победи во кариерата. Тоа е доволно за осмото место на вечната листа по број на победи во Формула 1

Макс Верстапен се изедначи со Џеки Стјуарт на вечната листа на победи во Формула 1 триумфирајќи на трката за ГН на Франција во неделата. Влегувајќи во сезонава актуелниот светски шампион Верстапен имаше 20 победи, доволни за 16. место на листата на победи на сите времиња, заедно со двократниот светски шампион Мика Хакинен.

Верстапен ја заработи својата седма победа во 2022 година на ГН на Франција, 12. трка во сезоната со 22 трки. Со седум победи оваа сезона, 24-годишниот Холанѓанец сега има 27 победи во кариерата и се наоѓа на осмото место на вечната листа со трикратниот светски шампион Џеки Стјуарт.

Единствените седум возачи кои се пред него на оваа листа се седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон (103 победи), седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер (91), четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел (53), четирикратниот светски шампион Ален Прост (51), трикратниот светски шампион Аиртон Сена (41), двократниот светски шампион Фернандо Алонсо (32) и светскиот шампион од 1992 година Најџел Менсел (31).

Верстапен сега има 63 поени водство во вкупенпласман во конкуренција на возачи пред Шарл Леклер (Ферари). Тоа е најголемото водство што го имал Верстапен во Ф1 во својата кариера.

Британецот Џеки Стјуарт е легенда во Ф1, возеше од 1965 до 1973 година и првак беше во 1969, 1971 и 1973 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За три дена 141 пожар во Грција

Следно

Анџелина Џоли ја доби правната битка против поранешниот сопруг Бред Пит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian