Селтик е првиот ривал на Миовски во шкотската Премиер лига

1 min read

Екипата на Абердин имаше одличен почеток на сезоната во Лига купот на Шкотска, со четири максимални победи на првото место со 12 бодови во групата „А“.

Во тој успех придонесе и Бојан Миовски кој на официјалното деби против Рајт Роверс (3:0) имаше гол и асистенција.

Македонскиот репрезентативец по мечот изјави дека се чувствувал малку нервозно поради процедурата која што требаше да ја заврши околу добивањето на потребната работна виза за Велика Британија.

Но, сега тоа е завршено и е среќен поради дебитантскиот настап за Абердин.

– Имав фантастично деби. После три долги недели подготвувајќи се самиот според клупската програма. Конечно, тука сум, среќен поради ова и што го имав моето деби на домашен терен. Се чувствувам многу возбуден и среќен сум за голот кој ми дава самодоверба за во иднина, но и среќен поради моите тимски соиграчи – вели Миовски.

Противник на Абердин во нокаут-фазата ќе му гостува на Анан Атлетик на 30/31 август 2022.

Новата сезона во шкотската Премиер лига официјално ќе стартува на 30 јули, а следниот ден фудбалерите на Џим Гудвин ќе играат против актуелниот шампион Селтик.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во престрелка во Лос Анџелес две лица загинаа, а уште пет се ранети

Следно

Милијардерот од „Гугл“ се разведува од сопругата поради нејзината афера со Илон Маск

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian