Сашка и Сашко со рецепт за оризови барчиња со карамела и чоколадо

3 mins read

Сашкa и Сашкo стојат зад креативниот инстаграм-профил за храна @sash_dream. Сашка работи како координатор за набавки во странска компанија, а Сашко го менаџира сопствениот ресторан специјализиран за кетеринг и организација на настани од секаков тип.

Сашка и Сашко со здрав рецепт за пилешко со зеленчук и моцарела

Нивна заедничка пасија е гастрономијата, па како што ни открива Сашка, со готвењето се релаксира по напорните денови на работа, а Сашко, пак, ја развива својата креативност преку естетското послужување на приготвената храна. Оваа супер идеја е производ на пандемијата, а инспирација црпат од секојдневието и од блоговите за храна.

„Многу често се случувало да патуваме заедно, да вкусиме нешто карактеристично за дестинацијата, а ново за нас и веднаш кога ќе се вратиме да пробаме да направиме наша варијанта“, ни откриваат тие.

Сашкa и Сашкo
Фото: Приватна архива

Денеска Сашка и Сашко ни откриваат рецепт за оризови барчиња со карамела и чоколадо.

„Ние обожаваме грицки и мали слатки задоволства, затоа се трудиме (можеби не секогаш успешно) да имаме дома повеќе благи ужинки и грицки кои се поздрави. Со овие барчиња сме сосем задоволни, ги имаат сите компоненти за ужинка меѓу оброци. Како бонус, многу се едноставни за правење!“, велат тие.

Потребни состојки:

Прв слој – Оризова база:
– 4 лажици мед (за веган варијанта може и јаворов/агаве сируп)
– 4 лажици путер од кикирики
– 2 лажици кокосово масло
– 3 шолји експандиран ориз

Подготовка:
Во тавче на пареа ги соединувате медот, путерот од кикирики и кокосовото масло. Откако ќе ги соедините, ги оставате на страна да се оладат на собна температура, па го додавате експандираниот ориз и мешате со помош на шпатула, така што секое зрнце ориз ќе биде во контакт со течната смеса.

Сашкa и Сашкo
Фото: Приватна архива

Втор слој – Карамела:
– 1 шолја урми (покиснати во топла вода минимум 1 час)
– 4 лажици од водата во која киснеле урмите
– 6 лажици бадемово млеко
– 1/2 шолја путер од кикирики
– 2 лажици стопено кокосово масло

Подготовка:

Сите состојки ги ставате во блендер и блендирате трпеливо (со пауза) за да добиете кремаста смеса, како класична карамела.

Трет слој – Чоколаден финиш:
– 200 мл кокосово млеко од конзерва
– 150 г чоколадни капки или сецкано чоколадо
– 2 лажици мед

Сашкa и Сашкo
Фото: Приватна архива

Ќе ви биде потребно тавче со димензии 25х25цм, претходно обложено со хартија за печење. Прво го истурате првиот слој и добро го натапкувате со помош на шпатула. Следен е вториот слој, ја премачкувате карамелата. На крај оди чоколадниот финиш и врз него наросете кикирики и крупна сол или друг топинг по ваша желба. Оставете да отстои мин 1 час на собна температура, па префрлете го во фрижидер уште минимум 2 часа, пред да го насечете на барчиња со големина по ваша желба (нам ни излегоа 20).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Фудбалерите на Динамо Загреб отпатуваа за Скопје

Следно

Г.г. Стефан за српска „Политика“: Немаме проблем да се нарекуваме Охридска Архиепископија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian