Газдите на летните дискотеки од Градскиот парк во Скопје го откажаа протестот кој требаше да се одржи во среда. Тие денеска имале средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на која им било ветено наоѓање решение за проблемот што не им се издадени лиценците за работа.
-Нашите барања за спас на ноќниот живот во Скопје најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува. Се надевам Скопје како град за краток рок ќе може да понуди летен ноќен живот, се вели со сооштението до јавноста.