Утрово во шест часот армиски хеликоптер пристигна во гевгелиско и веќе два пати интервенираше над селото Ѓавато во Општината Богданици, соопштија од ЦУК.
-Пожарот кај место викано Погана е активен и се движи од с.Ѓавато према с.Грчиште. Кај с.Ѓавато е запрен на 100 до 200 метри од селото. На терен за гаснење на пожарот моментално се екипи на ДЗС од Валандово -тим за брз одговор со 13 вработени, Комуналец од Богданци со 10 луѓе, ДППД Дојран со една цистерна и ТППЕ Струмица со 1 теренско возило со пумпа и 5 пожарникари, информираат од ЦУК.
Вчера пожарникарите со големи напори успешно го бранеа селото Ѓавато од огнената стихија, а огнот е контролирано пресечен на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото.
Ноќеска на местото на пожарот останаа дежурните пожарникарски мешани екипи, распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и се обидуваа таа линија да ја одбранат до утрово кога очекуваа засилување од копно и од воздух.
Вчера огнот зафатени само една стара куќа на перферија од селото.