Поранешниот продуцент на Ејми Вајнхаус сподели трогателна говорна порака од пејачката: Фановите во солзи

1 min read

Поминаа 11 години од смртта на Ејми Вајнхаус, а нејзините обожаватели, семејството и пријателите го одржуваат нејзиниот спомен.

Поранешниот продуцент на Ејми Вајнхаус, Салам Реми, сподели трогателна објава на Инстаграм во сеќавање на пејачката. Имено, може да се слушне гласовната порака која Ејми еднаш му ја испратила, а која сега расплака многумина.

„Ми недостигаш, ајде, јави ми се… Ако не ми се јавиш, не знам што ќе правам“, се слуша гласот на Ејми, веднаш зад видеото од нејзиниот спот „In My Bed“, која ја објави и нејзиниот поранешен продуцент.

Салам Реми работеше со пејачката од самиот почеток на нејзината кариера, поточно во 2003 година, пишува „Холивуд репортер“.

„Ми недостигаш“, напиша Салам во описот на својата објава.

По оваа објава следеа коментари од фановите на Ејми кои беа трогнати од нејзините зборови.

За потсетување, Ејми почина на 23 јули 2011 година. Нејзиното безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом во Лондон. Според првите полициски извештаи, причината за смртта не била позната, но подоцна се дознало дека пејачката починала поради труење со алкохол. Пејачката почина на 27-годишна возраст.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕХФ Европска лига: Алпла Хард ќе го пречека Е. Пелистер на 27 август

Следно

Не стивнуваат препукувањата меѓу Муареми и Русковска, и двајцата обвинуваат за притисоци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian