Не е исклучено на РК Вардар да му приклучат нови ракометари

1 min read

Македонскиот шампион Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која нема да настапи во Лигата на шампионите, туку во домашното првенство, Купот и СЕХА лигата.

Тренерот на „црвено-црните“ Владо Недановски на првата прозивка ги имаше сите ракометари на кои смета сезонава, иако не е исклучено на тимот да му се приклучат и нови ракометари кои ќе го засилат Вардар.

Поради зафатеност на салата „Јане Сандански“ првиот тренинг вардарци го имаа во училишната сала во ОУ „Круме Кепески“.

Покрај во сала, ракометарите ќе се имаат и тренинзи во теретаната во СЦ „Јане Сандански“ и на фудбалскиот стадион до салата каде и досега традиционално ги извршуваа задачите.

По завршувањето на женското кадетско СП што се одржува во Скопје, екипата се враќа во СЦ „Јане Сандански“ и ќе тренира до заминување за Струга каде ќе играат на традиционалниот турнир.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Демонстранти го уништија седиштето на мисијата на ОН во Конго

Следно

Мајките ја осудија, а што велат психолозите? Алиша Силверстоун спие во ист кревет со 11-годишниот син

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian