Манекенката проговори за една непријатна ситуација која и се случила на самиот почеток на кариерата.
Кејт Мос изјавила дека имала само 15 години кога агент на кастинг ја замолил да се соблече.
„Ми рече да ја соблечам маицата, па ја соблеков. Бев навистина срамежлива и несигурна за моето тело, а потоа ми рече да го соблечам градникот“, се присети Кејт, а потоа додаде:
“Знаев дека нешто не е во ред и затоа ги зедов работите и избегав. После тоа научив да „мирисам“ од километар ако нешто не е во ред.”
Со манекенство почнала да се занимава на само 14 години, а сега со јавноста сподели непријатно искуство кое и се случило кога била на самиот почеток на кариерата.
Инаку, Кејт Мос неодамна беше во центарот на вниманието по сведочењето на судењето на Џони Деп и Амбер Херд. Таа сведочеше за Деп со кој претходно беше во врска и за кој се шпекулираше дека ја турнал по скалите кога биле на заеднички одмор. Мос тоа го негираше, а Деп подоцна го доби случајот против неговата поранешна сопруга.