Македонија во светскиот врв според падот на населението, со скоро цел Балкан и половина Европа

1 min read

Ако продолжи актуелниот тренд на намалување на населението, Македонија до 2050 година ќе загуби речиси 11 отсто од сегашниот број жители, објави порталот Visual Capitalist, повикувајќи се на податоци од Обединетите нации и Светска банка.

Според проекциите до 2050 година, населението во земјава, чијшто број и онака е во опаѓање, како што покажа пописот одржан лани, ќе се намали за дополнителни 10,9 отсто, односно во Македонија ќе живеат близу 200.000 луѓе помалку од денес. Македонија е 18-та на листата од 20 земји со најголем проектиран пад на населението во следните децении.

Далеку на врвот на оваа листа е Бугарија, чие население се очекува да се намали за 22,5 отсто во следните 28 години и да достигне 5,4 милиони луѓе (пад од 60% од 9 милиони во 1987 г.). Зад неа се Литванија, Летонија, Украина и Србија.

Забележително е што меѓу 20-те земји за кои Обединетите нации очекуваат населението најмногу да се намали до 2050 година, се наоѓаат сите земји од регионот Западен Балкан, како и дека повеќето земји на листата се од Европа (исклучок се само Јапонија и Куба).

Резултатите од пописот одржан лани есента покажаа дека Македонија загубила преку 185.000 жители во споредба со претходниот попис, одржан 2002 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мајките ја осудија, а што велат психолозите? Алиша Силверстоун спие во ист кревет со 11-годишниот син

Следно

Полска е против задолжителните заштеди на гас во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian