Македонија со 12 кошаркари на Европското У18 првенство во Турција

3 mins read

Машката селекција на играчи до 18 години успешно ги реализираше планираните активности поврзани со настап на Европското првенство од Дивизијата „А“ кое од 30 јули до 7 август ќе се игра во Измир, Турција.

Селекторот Тони Симиќ ги одбра дванаесетте воини кои ќе ги бранат националните бои. Нашата селекција е во групата „А“ со Франција, Велика Британија и Израел. Репрезентацијата заминува за Турција претстојниот четврток, 28 јули.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА НАСТАП НА ЕП 2022

1. Лука Димитриевски
2. Алек Петкоски
3. Петар Башоски
4. Андреј Шошкиќ
5. Петар Бошалески
6. Василиј Србиноски
7. Павел Иванов
8. Марко Трипуноски
9. Тома Стојаноски
10. Виктор Стојковски
11. Метин Саити
12. Теодор Симиќ

– Мислам дека оваа селекција има квалитет за да направиме добар резултат. Најважно е да обезбедиме опстанок во А-дивизијата за и идната година, следната генерација што доаѓа да може да игра против најдобрите во Европа. Ме радува тоа што атмосферата е фантастична, младите кошаркари дишат како еден, последните десетина дена постојано бевме заедно, прво во Гевгелија, потоа во Хрватска и сметам дека сме подготвени за следниот предизвик.

Што се однесува до Рубин Стефанов, по настапот во А-репрезентацијата, заедно со Теодор Симиќ, се врати на подготовките на јуниорската селекција. Пред натпреварот против Швајцарија во Скопје се пожали на болки во зглобот и одлучивме да не му правиме притисок за да не се влоши состојбата. На турнирот во Гевгелија почна да демонстрира незадоволство поради минутажата. Јас се обидував да ги распределам минутите кај сите играчи со цел доволно да се воиграме, а во исто време да не дојде до премор кај нив. По турнирот зборувавме и Рубин ми рече дека се е во ред.

Во Хрватска одигравме двомеч, Рубин играше на првиот натпревар и не се пожали на ништо. На вториот, излезе од игра по пет минути, седна на клупата и се понесе крано непрофесионално – ги одврза патиките и посочи дека не сака да игра. Поминав и преку тоа, му реков дека мора да се однесува како професионалец, треба да ги заврзе патиките и да се подготвува да игра, дека не сме дојдени на екскурзија. Ме послуша, седна на клупата, но побара да не игра до крајот.

По враќањето од Хрватска, јас немав никаква информација дека играчот нема да продолжи. Во четвртокот попладне ми се јави спортскиот директор дека родителот му кажал дека не гледа причина и потреба Рубин да продолжи да игра за репрезентацијата. Едноставно, го напушти тимот иако јас сметав на него и требаше да има значајна улога во оваа селекција. Очекував Рубин да дојде и да ми го каже тоа мене в лице, како што јас со него разговарав во Гевгелија.

Четвртокот и петокот ни беа слободни, а во саботата тој не се појави на тренинг и оттогаш не е во тимот. Јас не барам алиби, но пред патувањето за Измир би требало да се знае каква е ситуацијата – вели селекторот Симиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Тепачка среде автопат во Црна Гора

Следно

ФОТО | Прослава во домот на Пандев: Најмладата ќерка на фудбалерот наполни 4 години

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian