Магдевски повторно во дресот на МЗТ Скопје Аеродром

1 min read

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски (26 год, 192 см) повторно ќе го носи дресот на МЗТ Скопје, откако денеска потпиша нов договор со клубот со важност за следните две години.

Ова значи негово враќање во Аеродром по едногодишниот настап во Романија за Плоешти.

Магдевски претходно три сезони повеќе од успешно ја организираше играта на „сино-белата“ чета, со која дојде до две шампионски титули (2019 и 2021), а беше избран и за МВП на финалната серија во сезоната 2020/21.

Претходно, тој мина низ младинските категории на Реал Мадрид, беше дел од кампот на Мајкл Џордан, а настапуваше и за Партизан.

Тој е деветтиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Утре се навршуваат 59 години од кобниот земјотрес во Скопје

Следно

„Проблемот на Тинa“ и „Северен пол“ на фестивал за кратки филмови во Холивуд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian