Кина го предупреди Вашингтон за евентуална посета на Пелоси на Тајван

1 min read

Кинеските власти денеска соопштија дека упатиле строго предупредување до американските власти поради, како што пишува Фајненшл тајмс, евентуална посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

„Кинеската страна во повеќе наврати јасно им стави до знаење на САД дека силно се противи на посетата на спикерката Пелоси на Тајван. Ние сме целосно подготвени“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на дневниот брифинг.

Тој изјави дека Кина „ако САД го продолжат својот курс, сигурно ќе преземе цврсти и силни мерки за зачувување на својот национален суверенитет и територијален интегритет, а САД треба да бидат одговорни за какви било сериозни последици“.

Потенцијалната посета на американскиот официјален претставник доаѓа кога Тајван се соочува со притисок од Кина. Во американската администрација има поделби околу тоа дали Пелоси треба да го посети Тајпеј, тврдат два извори запознаени со ситуацијата, објави Фајненшл тајмс.

САД немаат официјални дипломатски односи со Тајпеј, но имаат закон според кој Вашингтон се обврза да му обезбеди на Тајван средства за одбрана.

kurir.mk

Претходно

Г.г. Стефан за српска „Политика“: Немаме проблем да се нарекуваме Охридска Архиепископија

Следно

Протестот „Сакем ноќен живот во Скопје“ е откажан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian