Хил: Би сакал да видам прозападна влада во Србија

1 min read

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил изјави дека во Србија би сакал да види прозападна влада и министри кои веруваат во стратешките насоки за кои, според него, гласале Србите, пренесе Бета.

„Би сакал да го видам тоа и разбирам дека составувањето влада е комплицирано. Кога во минатото ме прашуваа за одредени позиции, а јас давав предлози, многупати излегуваше дека сум погрешил. Не им кажувам на владите кого да стават на кои функции”, изјави Хил во интервју за денешен Блиц.

Како што додаде, живееме во важни и критични времиња и ќе биде неопходно да се донесат многу важни одлуки, како оние за енергенсите.

„Би сакал да видам влада која е способна да ги надмине овие предизвици и која сака да се движи кон Запад. Многу е јасно дека народот на Србија го избра тоа”, нагласи Хил

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Анкета: Најмалку 40 проценти од вработените на аеродромите во Велика Британија размислуваат да дадат отказ

Следно

ВИДЕО: Дуплантис со нов светски рекорд до злато во Јуџин

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian