Голем неделен хороскоп (25-31 јули): Овните разумно ќе ги решаваат проблемите, Близнаците се подготвени за промени

9 mins read

Овен

Разумно ќе ги решавате проблемите, а добро ќе се носите и во ненадејни ситуации. Овните може да очекуваат голем успех на медиумски застапени работни места, образование и pабота поврзана со каква било форма на уметност. Долго потиснуваните љубовни проблеми сега ќе се разгорат со сета своја жестокост. Ќе се појави желба да му поставите ултиматум на партнерот. За да го зачувате мирот во куќата, преку искрен разговор објаснете му на партнерот што навистина ве мачи. Оваа недела ќе бидете добро расположени, па нема да обрнувате премногу внимание на вашите маки.

Бик

Време е да се соочите и справите со заостанатите обврски. Разгледајте ги добро околностите, луѓето вклучени во работата и начинот на кој таа се спроведува. Има поединци кои би можеле да ја искористат вашата генијалност. Ве очекува љубовна возбуда, па ќе бидете мета на многубројни додворувачи и ќе искористите некои љубовни можности на вистински начин. Паровите кои се соочуваат со кавги ќе се помират, а многумина од вас ќе станат понезависни и ќе започнат да го живеат животот по свое. Сè уште сте во напорен период кој ве изложува на зголемена работа и стрес. Ве мачат семејни проблеми.

Близнаци

Подготвени сте за промени во кариерата. На вашата адреса ќе пристигнат поволни вести, особено ако очекувате да решите правен спор, барате работа со скратено работно време или очекувате одговор на испратеното барање. Љубовниот живот ќе ви биде полн со страсни прегратки, а ентузијазмот за некои заеднички планови ќе биде обостран. Целото слободно време посветете му го на партнерот – ќе сфатите дека ќе уживате во тоа. Слободните ќе ги привлекуваат луѓе од повисоките општествени кругови. Посветете повеќе внимание на вашето здравје.

Рак

Оваа недела ќе бидете фокусирани, а истакнатата интуиција ќе ви помогне добро да ги проценувате другите. Ве очекуваат одредени материјални придобивки и ќе бидете воодушевени од довербата што ви ја покажуваат влијателни поединци. Расчистете го љубовниот живот од сè што е извор на страдање бидејќи некој нов доаѓа во вашиот живот. Околностите ќе ви помогнат да излезете од токсична врска, а ќе уживате кога ќе знаете дека сте многу пожелни и привлечни. Венера е во вашиот знак, па ќе бидете одлично расположени, но и ќе примате комплименти за вашиот изглед. Ќе сакате да се дотерате и ќе ги изненадите сите што ве познаваат.

Лав

Сè поамбициозни сте, ќе имате силни креативни импулси и добри идеи на работа. Ќе се истакнувате во комуникацијата со клиентите, обезбедувањето услуги, продавање или постигнување добри резултати. Не навлегувајте во минатото на партнерот. Зауздајте ја љубомората и недовербата бидејќи се неосновани. Работете на подобра комуникација, не ги игнорирајте проблемите на другиот. Ако сте сами, ќе сфатите дека личноста во која сте вљубени е многу тешко да се освои. Сонцето и Меркур во вашиот знак ви даваат многу виталност и енергија. Ќе бидете претприемнички расположени, главен иницијатор кога станува збор за забава и дружење.

Девица

Ќе се соочите со рокови, преголеми барања од претпоставените или заладени односи со колегите. Важни документи ќе доцнат, а поединци нема да си го одржат зборот. Во љубовта има подобрување кое го користите за нови почетоци и подлабоко зближување со партнерот. Не е исклучено во ново друштво Девиците да запознаат некој кој веднаш ќе ги привлече. Ако сте во брак, немојте да му се жалите на партнерот за работи од неговото минато. Не мора никому да го оправдувате со својот начин на живот. Бидете доследни и најдете време за себе и не обрнувајте внимание на приговорите на домашните. Но, не дозволувајте да се отуѓите од општеството затоа што ви треба забава.

Вага

Експлозивната креативност и доброто справување со кризни ситуации на работа ќе ви помогнат да покажете повеќе смелост и квалитети. Лесно ќе пренесувате идеи, ќе бидете забавни и духовити и ќе бидете среќни да помогнете некому. Ќе го продлабочите пријателството со саканата личност и ќе сфатите дека оваа личност ви значи повеќе отколку што мислевте. Не се сомневајте во верноста на партнерот. Живеете многу активен живот, сакате да бидете присутни секаде каде што нешто се случува. Но, не претерувајте. Спиете премалку, уморот ќе ве стигне побрзо отколку што мислите. Бидете умерени во сè што правите.

Скорпија

Ќе имате одлична концентрација и ќе бидете полни со идеи. Но, некои околности ќе го разнишаат вашиот статус. Причината за тоа ќе бидат ривалите или промената на раководните позиции, што нема да ви оди по волја. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ви остави силен впечаток. Интересот ќе биде взаемен, а развојот на настаните ќе биде изненадувачки брз. Доброто влијание на Венера значително ќе ви го подобри расположението, но сепак сте во период кога треба повеќе да се грижите за себе. Некои стари хронични заболувања може да се разгорат, па можеби ќе треба да посетите лекар.

Стрелец

Ви се отвораат нови деловни можности, а за нив ќе биде одговорна вашата подготвеност за промени. Различните вештини, леснотијата на изразување, комуникацијата и нови идеи ќе ви обезбедат успех. Вистинско време е да ја зацврстите врската или бракот и да ги расчистите нејаснотиите од минатото. Внимавајте да не влезете во врска со личност со сомнително минато. Вашите одлуки и постапки нема да бидат оправдани од вашите најблиски. Можеби ќе сфатите дека биле во право. Променете нешто доколку сакате да се оддалечете од монотоното секојдневие. Направете нешто за вашата душа, разбудете го авантуристот во себе.

Јарец

Ќе бидете поотворени за експерименти и преземање деловен ризик, што ќе вклучува почести контакти со странски земји и надградба на знаењето. Ќе добиете вест или наеднаш ќе ви се отворат некои опции што сте ги посакувале. Во љубовта ќе влегувате во нејасни и ризични реалции. Ќе ви биде тешко да ги контролирате чувствата кон некого. Ако сте во брак, ќе се изненадите себеси и партнерот со бурни реакции. Потребно ви е трпение и такт. Благодарение на доброто влијание на Марс, доста сте издржливи и витални, но психички сте уморни и малку раздразливи. Може да страдате од несоница или спротивно – можеби ќе ви треба повеќе сон од вообичаено.

Водолија

Нема да се снајдете во работи кои бараат концентрација и претпазливост. Новите работни места и инвестиции ќе бидат исполнети со назадување и пречки поставени од властите или деловните партнери. Проблемите кои сте ги скриле под тепих може да доведат до заладување на вашиот интерес за партнерот. Не придавајте значење на таквите чувства. Кризата е минлива, па дури и да е проследена со мали расправии, ќе ви помогне конечно да си кажете што сте криеле. Искористете го слободното време за одмор и релаксација.

Риби

Можни се промени на работното место, кои на крајот ќе ви користат на многу начини. Ве очекува успех доколку работите на продажба или објавување на ваши производи, услуги или пишана работа. Се наоѓате во бурен љубовен период. Некои конечно ќе се заљубат, додека други ќе уживаат поголемо внимание од партнерот. Слободните не треба да ја пропуштат поканата за излегување. Доколку сте во врска или брак, препуштете се на моменталните инспирации, надополнете го она што сте го пропуштиле. Доброто влијание на Венера ќе ви го подобри расположението, ќе го истакне вашиот шарм. Ќе работите многу на себе, ќе се разубавувате или ќе вежбате упорно додека не го доведете телото во совршена форма.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: ПСЖ ја прегази Гамба Осака, Нејмар повторно глумеше за „Оскар“

Следно

Почина генералниот директор на осигурителната компанија „Винер“, Зоран Нарашанов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian