Германски министри во Украина на разговори за обнова по војната и истрага за воени злосторства

1 min read

Германските министри за надворешни работи и социјални работи денеска се во Украина со цел да се разговара за обнова по војната и истрага за воени злосторства, јави ДПА.

Ненси Фезер и Хубертус Хејл требаше да го посетат киевското предградие Ирпин, дом на 50.000 луѓе пред да започне војната, а сега речиси целосно уништено.

Станува збор за прва посета на министрите на Украина, откако започна војната на 24 февруари.

Закажани се состаноци со украински официјални лица, вклучувајќи ги колегата на Фезер, Денис Монастирски, шефот на цивилната одбрана Серхиј Крук, заменичката на премиерот Јулија Свириденко, министерката за социјални работи Оксана Шолнович, градоначалникот на Киев, Витали Кличко.

Разговорите ќе се фокусираат конкретно на тоа како може да се подобри функционирањето на полициските станици, противпожарната бригада, спасувачките служби и контролата на катастрофи во земјата погодена од војната.

Ќе се дискутира и за кибер безбедноста, шверцот на оружје, чистењето мини и за форензичка обработка на воени злосторства.

Германската страна треба да ја достави помошта, вклучувајќи генератори за струја и дрон за воздушно извидување.

Хејл и Свириденко ќе се фокусираат и на статусот и на перспективите на украинските бегалци во Германија, како и нивното можно враќање во Украина.

kurir.mk

Претходно

„Ме натера да го соблечам градникот, а јас веднаш побегнав“: Кејт Мос за болното искуство

Следно

Дилер на кокаин бегајќи со „ауди“ удрил во полициско возило

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian