Г.г. Стефан за српска „Политика“: Немаме проблем да се нарекуваме Охридска Архиепископија

2 mins read

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за белградска „Политика“ вели дека не е проблем што грчкиот блок од православните цркви ќе ја нарекува нашата црква само Охридска Архиепископија, а не и Македонска православна црква.

„Свесни сме за чувствителноста на прашањето на ова наше име кај грчкиот блок од православните цркви. Затоа, нема да бараме од нив да не викаат со името што не го сакаат. Бидејќи сме наследници на познатата Охридска архиепископија, ословувањето со тоа име од нивна страна не ни претставува проблем. Сепак, убеден сум дека и браќата архиереи ќе сфатат дека ние самите не можеме да се нарекуваме никако поинаку освен Македонци, т.е. дека нашата црква за нас е колку македонска толку и охридска. Тука веројатно ќе има работи кои ќе мора да се решаваат, но верата и љубовта може и планини да поместат. Ако двете страни покажат дека делуваат со љубовта Христова, лесно ќе дојде до договор меѓу грчката црква и нашата, македонска црква“, вели архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за „Политика“.

Освен за односите меѓу македонската и другите православни цркви во новиот контекст по нејзиното признавање, Архиепископот во интервјуто зборува и за своите студентски денови поминати во Белград.

„Студентските години се суштински во животот на секој човек. Потрошеното време за време на студиите на Богословскиот факултет во Белград е еден од омилени периоди во мојот живот. Би нагласил дека и во тоа време Богословскиот факултет во Белград беше православен образовен центар со висок углед. Белград, не само како политички туку и како културен центар на поранешна Југославија беше, и верувам дека сè уште е метропола која на младите им ги обезбедува сите услови за квалитетни научни студии истражување и културно надградување, како и за редовен молитвен живот и постојаната можност за присуство на свети богослужби. По дипломирањето ретко доаѓав во Белград, но во мислите често го посетував тој прекрасен град на две реки. Често ги спомнувам сите оние кои ме научија на вера, сите со кој учев заедно. Го носам со себе отворениот дух на тој прекрасен град, кој за мене остана мојот град“, посочува г.г. Стефан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сашка и Сашко со рецепт за оризови барчиња со карамела и чоколадо

Следно

Кина го предупреди Вашингтон за евентуална посета на Пелоси на Тајван

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian