Долгогодишниот капитен и најдобриот стрелец во историјата на нашата репрезентација, Горан Пандев сега има многу повеќе време да се посвети на својот приватен живот.
Пандев од 2009 година е во среќен брак со својата сакана Надица. Тој во едно интервју откри дека е среќен што ја има Надица за жена, посочувајќи дека неговата сопруга морала да се соочи со најголемиот товар при воспитувањето на нивните три деца. Тие ги делат синот Филипо и двете ќерки Ана и Софија.
Во домот на Пандев имаше прекрасен повод за славење.
Имено, неговата најмала ќерка вчера го слави просвојот 4-ти роденден.
„Ова е твој ден! Среќен роденден“, напиша Горан во описот на неколкуте фотографии што ги сподели на својот инстаграм-профил.
Под неговата објава, следеа бројни желби и честитки за преслатката Софија од обожаватели и пријатели од целиот свет.