ФОТО | Мицкоски на средба со Орбан: ЕУ интеграциите се неопходни, но достоинствено и со зачувување на идентитетските обележја на народот

1 min read

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, денес во посета на Будимпешта оствари средба со премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕС, Виктор Орбан, известија од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се разговарало за ЕУ интеграциите на нашата држава, а Мицкоски го истакнал ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека интеграцијата е неопходна, но дека таа „треба да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја на народот“.

„Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Мицкоски и Александар Николоски на средба со Виктор Орбан во Будимпешта, Унгарија / 25 јули 2022 / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Локално и автентично: Разговор со Стефанија Атанасовски, сопственичка на „5до12“

Следно

Одобрена данска вакцина против мајмунски сипаници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian