ЕХФ Европска лига: Алпла Хард ќе го пречека Е. Пелистер на 27 август

1 min read

Австрискиот клуб Алпла Хард го одреди терминот за одигрување на првиот натпревар против Е. Пелистер од првото коло на квалификациите на ЕХФ Европската лига.

Мечот ќе се игра на 27 август од 19.00 часот во „Шпортхале Ам Зи“ во Хард. Возвратната пресметка е на 2 септември во „Боро Чурлевски“ во Битола.

Играчите на новиот тренер Ларс Валтер најпрвин имаа утринска тренинг сесија во Битола, а потоа заминаа на еднонеделни базични подготовки во Маврово.

Таму пелистерци ќе минат седум дена и напорно ќе тренираат, без пријателски натпревари.

Повикани ракометари за подготовките во Маврово:

Голмани:
Урбан Лесјак
Марко Кизиќ

Леви крила:
Цветан Кузманоски
Гоце Ојлески
Бојан Маџовски

Леви бекови:
Руди Сери
Дејан Кукуловски
Емилијан Ѓорговски

Средни бекови:
Вилсон Дејвис
Павле Атанасијевиќ
Марио Танкоски

Десни бекови:
Усама Хосни (се приклучува директно во Маврово)
Павле Петровиќ
Мартин Велковски

Десни крила:
Мирко Радовиќ
Ненад Костески

Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски
Денис Васиљев

Дефанзивец:
Милорад Кукоски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полска е против задолжителните заштеди на гас во ЕУ

Следно

Поранешниот продуцент на Ејми Вајнхаус сподели трогателна говорна порака од пејачката: Фановите во солзи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian