Демонстранти го уништија седиштето на мисијата на ОН во Конго

1 min read

Демонстранти денеска го оштетија седиштето на мисијата на Обединетите Нации (ОН) во Демократската Република Конго, по повици од официјални лица за демонстрации против мисијата, јави ДПА.

Лицата насилно влегоа во објектот во градот Гома и уништија и украдоа мебел, тврдат очевидци за ДПА.

Безбедносните сили реагираа со солзавец и пукотници. Полицијата во провинцијата Северен Киву за германската новинска агенција изјави дека напаѓачите се криминалци, кои ги искористиле демонстрациите за сопствени цели.

Граѓански организации и од партијата на претседателот Феликс Тшисекеди, повикаа за демонстрации во Гома, откако претседателот на Сенатот, Модесте Бахати, во средината на јули, побара мисијата на ОН, МОНУСКО (MONUSCO), да го напушти Конго.

МОНУСКО е стационирана во северо-источниот дел на Конго над 20 години. Според САД, потребна е за да помогне во борбата против околу 130 различни вооружени групи, активни во централноафриканската земја.

Голем дел од нив сакаат да ги контролираат вредните минерални ресурси на земјата, како што се бакарот, кобалтот, златото, дијамантите.

kurir.mk

Претходно

Алтернатива го поддржува својот министер Сали и бара разрешница за случајот „Жан Митрев“

Следно

Не е исклучено на РК Вардар да му приклучат нови ракометари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian