Браво Марко, успешно го заврши и шестото препливување на релација Струга – Градиште

1 min read

Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски продолжува со својата мисија, вистински мотиватор, на отворени води кој плива за да инспирира и да докаже дека сè е возможно.

Пејчиновски успешно го заврши и своето шесто препливување за ова лето во водите на Охридското езеро овојпат на релација Струга – Градиште.

Препливувањето (трето во јули) од 22 километри го заврши со време од 6 часа, 53 минути и 20 секунди.

Потсетување дека Марко летово има план да плива 10 различни делници, во вкупна должива од околу 250 км.

Првото препливување беше на релација Радожда – Охрид (14 км) со време од пет часа и 25 минути, потоа второто беше од Радожда до Градиште (18 км) со време од шест часа и 40 минути, на третото по третпат во јуни го преплива Охридското езеро на делница од Радожда до Трпејца (20 км) за шест часа и четири минути.

Четвртото препливување беше од Струга – Св. Наум (30 км) со време од девет часа и 26 минути, а петтото од Струга до Пештани (21 км) со време од 7 часа, пет минути и 59 секунди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папата во Канада побара простување за „злото“ направено од црквата врз домородците

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian