Алтернатива го поддржува својот министер Сали и бара разрешница за случајот „Жан Митрев“

2 mins read

По објавување на документарниот филм „Нечиста крв“, на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), во кој се изнесуваат компромитирачки информации за работата на приватната болница „Жан Митрев“ во 2020 и 2021 година, политичката партија Алтернатива денеска соопшти дека „ја подржува работата на својот министер за Здравство, Беким Сали, и ги повикува надлежните органи да го обелоденат случајот“.

Еве го во целост соопштението од Алтернатива:

„Д-р Беким Сали е министер за Здравство од почетокот на 2022-ра година и тој е периодот за кој тој зборува со потполна одговорност.

Како и да е, АлтернАтивА, со сиот свој кадровски и политички капацитет, го подржува својот министер и ги подржува истрагите за откривање на вистината за оваа сторија. На овој начин, подржувајќи го министерот Сали, АлтернАтивА го повикува Јавното обвинителство да го истражи секој детаљ од случајот и доколку се констатира вина за било кого, тој да одговара пред органите на правдата.

Ние неколку пати сме повториле дека нашата работа е заснована на транспарентност, одговорност и правда, па затоа – убедени дека стоиме силно над овие вредности – бараме дејствување на правдата и доколку за некој се утврди одговорност, да има и отчет.

Ние, како АлтернАтивА, изјавуваме дека што се однесува на секторот Здравство, со кој ние управуваме преку министерот Беким Сали, сме подготвени да дадеме отчет за секоја тема што ќе ја поставува јавноста. Ова важи и за сите други институции со кои управува АлтернАтивА.

Во Северна Македонија не смее да име недопирливи. Доколку се констатира вина, бездруго треба да има и одговорност“, посочуваат од Алтернатива.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Прослава во домот на Пандев: Најмладата ќерка на фудбалерот наполни 4 години

Следно

Демонстранти го уништија седиштето на мисијата на ОН во Конго

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian