Замената за Левандовски во Баерн е 17-годишен француски тинејџер

1 min read

Германскиот шампион Баерн Минхен експресно реагираше по продажбата на Роберт Левандовски на Барселона и донесе негова замена, француски тинејџер.

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман го потврди доаѓањето на фудбалерот на Рен, 17-годишниот Матис Тел.

– Во иднина Тел може да стане еден од најдобрите напаѓачи на светот. Верувам дека во иднина ќе постигнува и по 40 гола во сезона – изјави Нагелсман.

Баерн Минхен на Рен му плати 20 милиони евра отштета, а сумата може да се зголеми за дополнителни 8,5 милиони евра со лесно остварливи бонуси, додека Рел ќе потпише петгодишен договор со германскиот шампион.

Минатата сезона, Тел кој се смета за еден од најголемите фудбалски таленти на светот, настапи на само седум натпревари за Рен во Лига 1, но и тоа беше доволно да го покаже својот потенцијал и да го натера Баерн Минхен да го купи.

Германските медиуми пишуваат дека Тел нема да биде единствениот напаѓач кој ќе пристигне во Баерн по продажбата на Левандовски. Најголема желба на баварците е англискиот репрезентативец Хари Кејн, но прашање е дали ќе имаат пари за да го реализираат трансферот ова лето бидејќи веќе потрошија повеќе од 100 милиони евра за купување на Садио Мане од Ливерпул и Матијс де Лихт од Јувентус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

173 санкционирани возачи во Скопје, 71 за брзо возење

Следно

Дознајте ја тајната на познатото француското јадење – рататуј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian