Време е барем еден Мастерс турнир да се игра на трева

1 min read

Првиот човек на АТП, Андреа Гауденци, смета дека на тенисот му е потребен Мастерс турнир што ќе се игра на трева и тоа може да се случи во блиска иднина.

– Немаме Мастерс турнир од серијата 1000 на трева, немаме врвно натпреварување на оваа подлога што можеме да им го понудиме на навивачите. За мене, Мастерс турнир на трева има смисол и тоа ни е целта за наредниот период. Би било добро тој Мастерс тунир да се одржува во Германија бидејќи тоа ни е важна земја во тенисот  – изјави Гауденци.

По изјавата на претседателот на АПТ, германските медиуми сметаат дека турнирот во Хале наскоро ќе стане Мастерс турнир од серијата 1000.

Најголем турнир на трева е најпрестижниот гренд слем турнир, Вимблдон, додека следи по важност се турнирите во Квинс, Англија и во Хале кои се дел од серијата 500.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОЈО и МВР го испитуваат случајот со младата девојка која почина од струен удар

Следно

И покрај тешката болест: Брус Вилис ужива кога танцува со ќерката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian