Јавното претпријатие Водовод и Канализација информираат дека поради прекин на снабдувањето со електрична енергија од страна на ЕВН Македонија, без струја попладнево се пумпните станици Бутел и Радишани.
„Доколку дефектот од страна на ЕВН трае подолго време и дојде до празнење на резервоарите може да има прекин на водоснабдување во населбите Бутел и Радишани“, информираат од Водовод и Канализација.