Во Русија блокиран новиот проект на весникот „Новаја газета“

1 min read

Руските власти денеска ја блокираа интернет страницата на новиот проект на независниот весник „Новаја газета“, кој прекина со работа во март, во време на задушување на критичарите на офанзивата врз Украина.

Редакцијата на „Новаја газета“ на 15 јули почна да објавува и во печатена форма и онлајн преку новиот сајт „Новаја Расказ-Газета“. Во првиот број беа објавени анализи за тоталитаризмот и идеологијата на Владимир Путин.

Но, една недела подоцна рускиот медиумски регулатор го блокира новиот сајт на барање на Обвинителството. Порталот денеска не беше достапен во Русија.

Весникот „Новаја газета“ е познат по своите истраги за корупција на руските елити и за сериозни прекршувања на човековите права, беше принуден на крајот на март да го прекине објавувањето на интернет и во печатена форма.

Руските власти му се заканија дека ќе го забранат поради непочитување на контроверзниот закон за странски агенти. По суспензијата, дел од редакцијата емигрира и почна ново издание од Западна Европа. Главниот уредник на „Новаја газета, Дмитриј Муратов, ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година.

kurir.mk

Претходно

ФОТО | Ана Ивановиќ се пофали со џиновски букет: Бастијан Швајнштајгер постојано ја разгалува својата сакана

Следно

Ферстапен: Штета е што Шарл предвреме ја заврши трката, се надевам дека е добро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian