ВИДЕО| Хрватската полиција објави нова информација за ноќната несреќа во која туристички брод со патници удри во сплитското западно крајбрежје.

1 min read

Бродот „Морска вила“ удри во брегот нараечен Бранимир во 2 часот и 30 минути. Удрил во пристаништето каде се наоѓала бензинската пумпа на која со гориво се снабдуваат бродовите

На бродот имало 50 патници и сите успеале да се симнат од бродот и да излезат на брегот, а за среќа нема повредени. Бродот подоцна потонал.

Капетанот бил во алкохолизирана состојба

На местото на настанот излегле пожарникари, вработени во Капетанијата на пристаништата и полициски службеници.

Истрагата што ја спровела Капетанијата на пристаништата е во тек, додека капетанот на бродот е донесен во службените простории на полицијата поради констатирана интоксикација, односно би во аклохолизирана состојба а со тоа и сомнение за сторено кривично дело Загрозување на посебни видови сообраќај и приведен заради вршење кривична истрага, соопшти полицијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украдени дипломатски таблички од автомобил во Скопје

Следно

Конте му е лут на Нагелсман поради Кејн, Баерн има план како да дојде до Англичанецот идното лето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian