Југослав Тренчовски е нов тренер на Ал-Араби

1 min read

Македонскиот стратег Југослав Тренчовски е промовиран во нов тренер на кувајтскиот тим Ал-Араби.

Тренчовски минатата година откако си замина од клупата на Академија Пандев, пристигна во Кувајт да биде директор на фудбалската академија но и тренер на вториот тим на Ал-Араби.

Одличната работа беше доволна препорака за челниците на кувајтскиот тим да му дадат можност во новата сезона Тренчовски да биде главен тренер на Ал-Араби кој минатата сезона заврши на седмото место во првенството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бегај ја презеде функцијата претседател на Албанија

Следно

ФОТО | Мрки во кревет покрај Гоца Тржан: Каде е сопругот на пејачката?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian